ИЗВРШНИОТ ОДБОР НА СДСМ ЈА ПОДДРЖА КАНДИДАТУРАТА НА ПЕНДАРОВСКИ Останува да ја прифати уште Централниот одбор

„Пендаровски е победнички кандидат, близок со народот, ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата“ – оцени ИО на СДСМ.

276

Извршниот одбор на СДСМ го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за претседател на државата, соопшти партијата по денешната седница на ИО на СДСМ во Штип.

Извршниот одбор на СДСМ ја разгледа информација за спроведената постапка за можни кандидати за Претседател на државата за претседателските избори 2024 година.






По сите анализи, разговори и спроведени истражувања на јавното мислење, Извршниот одбор во проширен состав го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за претседател на државата и го предложи на Централниот одбор на партијата.

Пендаровски е победнички кандидат, близок со народот, ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата.

Во досегашниот мандат Пендаровски го врати угледот, интегритетот и кредибилитетот на институцијата претседател на државата и покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани“ – се вели во соопштението на СДСМ.

 

Поврзани содржини