ИЗВРШНАТА ВЛАСТ НЕМА ДА СЕ МЕША ВО ИЗБОРОТ НА СУДСКИОТ СОВЕТ Политичарите треба да ги тргнат рацете од судството
Довербата на граѓаните во судството е само 2%, повеќе од половина од судовите се неажурни и неопходни се реформи, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска.
За реформите во судството ние 7 години во Собранието апелиравме многу како пратеници. Јас во тие два мандати учествував во работата на Собранието интензивно и апелиравме и во однос на изборот на судиите и во однос на оној Закон за Академија на судии и јавни обвинители којшто се носеше по скратени постапки, буквално на сила изгласани дневни редови и многу закони донесени со европско знаме и така натаму, рече пратеничката и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска синоќа во гостување на Телевизија 24.
Пешевска истакна дека довербата на граѓаните во судството е само 2%, односно огромна е недовербата – 98% како и дека повеќе од половина од судовите се неажурни.
– Како Влада сегашна, а претходно во изборната програма, ние ветувавме дека треба реформи во судството без притоа да се мешаме. Ако ние сме потегнале да ги разрешиме сега членовите на Судскиот совет во Собранието, затоа што таму се именуваат, логично е таму и да се разрешуваат, тоа не значи никако дека извршната власт ќе се меша во изборот на Судскиот совет. Затоа што дефинитивно и ние бевме застапници на таа теза дека извршната власт без разлика, па и законодавната, сме вмешани процедурално, но треба политичарите да ги тргнат рацете дефинитивно од судската власт – рече Пешевска.