Извозот забележа пад од 18,1 отсто за осум месеци годинава

Трговскиот дефицит, во перидот јануари ‒ август 2020 година, изнесува 1, 33 милијарди долари.

321

Вкупната вредност на извозот на стоки од земјава, во перидот јануари ‒ август 2020 година, изнесува 3,89 милијарди долари и бележи пад од 18,1 отсто во однос на истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5, 23 милијарди долари, што е за 15,6 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година.






Трговскиот дефицит, во перидот јануари ‒ август 2020 година, изнесува 1, 33 милијарди долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари ‒ август 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

 

 

Поврзани содржини