Поради многубројните донации низ годините, го заземаме првото место како најголем општествено одговорен поборник, особено онаму каде е најпотребно, информираат од „Кожувчанка“.
„Во последната година откако почна пандемијата, поддржуваме голем број клиники и ковид центри во државата со негазираната природна изворска вода „Изворска“.
Особено ни е чест и гордост на нашата последна соработка со Министерството за здравство со кои направиме договор за донација на неограничена количина на „Изворска“ за сите вакцинални пунктови во државата, вклучувајќи го и најголемиот вакцинален пункт во А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Во овие тешки моменти нашата компанија несебично помагаше онаму каде што беше потребно, се радуваме што и во овие моменти на вакцинација ќе го направиме истото“, објави „Кожувчанка“ на својата страница на Фејсбук.