ИЗВОР ВО ВСЕЛЕНАТА ЕМИТУВАЛ ПОВЕЌЕ ОД 1.600 СИГНАЛИ ЗА 47 ДЕНА Не се знае што ги предизвикува
Астрономите поради неговата зачестеност, можеле да го лоцираат неговиот извор и го сместиле во џуџестата галаксија оддалечена од нас 3 милијарди светлосни години. Овој FRB не само што е неверојатно активен туку има и свој циклус: 90 дена е активен, а потоа 67 дена мирува, односно не емитува сигнали.
Научници по анализа на податоци на еден извор на брза пробив на радиобранови утврдиле дека тој во 2019 година емитувал 1652 сигнали во период од 47 дена.
Брзите пробиви на радиобранови (FRB, fast radio bursts) се едни од најфасцинантните загатки во вселената. Исклучително се силни, некои ослободуваат повеќе енергија од 500 милиони Сонца, а траат помалку од трепнување на окото.
Една од најважните карактеристики на тие сигнали е дека се тие краткотрајно и непредвидливи. Повтпрувачките FRB, значи дека не се работи само за еден интервал туку за повеќе последователни, и дека тие се многу ретки и особено го привлекуваат вниманието на научниците.
Некои од повторливите FRB се јавуваат периодично, во правилни растојанија, на секои неколку дена или месеци.
Но, научниците кај споменатиот (FRB 121102) не воочиле периодичност, што значи дека неговиот извор можеби не е некој ротирачки компактен објект, како магнетар – неутронски ѕвезди со искслучително силно магнетско поле, пишува Science Alert.
Тоа значи дека можеби постојат повеќе од еден механизам кој стои зад ваков пробив на радиобранови и дека се потребни натамошни анализи за да разбереме за што станува збор.
FRB 121102 е еден од најактивните изблици на радиобранови. Астрономите поради неговата зачестеност, можеле да го лоцираат неговиот извор и го сместиле во џуџестата галаксија оддалечена од нас 3 милијарди светлосни години. Овој FRB не само што е неверојатно активен туку има и свој циклус: 90 дена е активен, а потоа 67 дена мирува, односно не емитува сигнали.
Поради тоа научниците внимателно го следеле FRB 121102 и утврдиле дека помеѓу 29 август и 29 октомври емитирал 1652 одделни сигнали. Најголемата стапка била 122 изблици во текот на еден час, што е и најголемо ниво на активност која некогаш е забележана кај FRB.
Поради големото количество податоци научниците можеле да направат статистичка анализа на активноста на изворот. Откриле дека изблиците можат да се стават во две категории – такви кои имаат поголема енергија и такви со низок енергетски изблик.
Ако изворот на овој FRB магнетар, односно ако го предизвикале механизми од површината на неутронска ѕвезда, избликот би се појавувал периодично, како светлината од ротирачки светилник. Но, научниците не забележале такво својство кај FRB-a 121102, што значи дека магнетарите можеби не се единствен извор на брзи радиобранови.
Истражувањето наречено A Bimodal Burst Energy Distribution of a Repeating Fast Radio Burst Source објавено е во списанието Натура.