Изводот од матичната книга на родените на Арчи ги откри вистинското име и титула на Меган

3,113

Раѓањето на малиот Арчи Моунтбатен-Виндзор во изводот од матичната книга на родените го запишал неговиот татко, принцот Хари. Во неговиот извод на матичната книга на родените, како и во сите други, се наведува кога и каде е роден како и информациите за родителите.

Како што пишува британски „Мирор“, во изводот од матичната книга на родените на Арчи пишува дека неговата мајка е „принцеза на Обединетото Кралство“. Имено, Британците досега веруваа дека таа е само војвотка од Сасекс па не ни знаеја дека таа е навистина принцеза.






Целата титула на Меган е Нејзиното кралско височество принцезата на Хенри од Велс. Интересно е што Британците се многу изненадени од титулата на Меган, со оглед дека Кејт Мидлтон исто така во изводите на раѓање на своите деца напишала дека е принцеза.

Освен тоа, се покажало дека иако се опседнати со Меган, некои Британци дури и не ги знаат најосновните податоци за неа, како нејзиното име. Имено, Меган е нејзиното средно име, а првото име ѝ е Рејчел.

Бидејќи таткото Томас Маркл и мајката Дорија Раглан ја викале Меган уште од раѓањето, а и сите нејзини пријатели ја нарекуваат така, кога започнала да се занимава со глума, се претставувала себеси како Меган. Освен тоа, во изводот од матичната книга на родените и вистинското име на Хари е Хенри.

Иако тоа го криеја од јавноста, во изводот е напишано и каде е роден Арчи. Момчето е родено во приватната болница Портланд во Вестминстер, Англија, каде едно ноќевање чини околу 23.000 фунти. Ова не изненадува со оглед на тоа што е на менито се наоѓа јастог, а новопечените мајки можат да го прослават раѓањето на своето потомство со шампањско.

 

 

 

Поврзани содржини