Изводи ќе се вадат електронски
Досега можеше само да се поднесат електронски барања, а сега може и електронски да се добијат изводите кои се целосно валидни.
По електронски пат ќе се добиваат изводи од матичните книги на родени, венчани и умрени, соопшти денеска министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски на прес конференција во Владата.
– Досега можеше само да се поднесат електронски барања, а сега може и електронски да се добијат изводите кои се целосно валидни. Нема никаква потреба за овие услуги граѓаните да одат по шалтери – рече Манчевски.
Тој додаде дека на платфoрмата uslugi.gov.mk се достапни 128 услуги од разни институции од сечиј дом.
– Нема никаква потреба физички да се посетуваат институциите. Апелираме до сите граѓани да ги користат овие можности за да се намали ризикот од ширење на заразата. Сите граѓани ќе добиваат СМС пораки преку кои ќе ги пренесуваме пораките и инструкциите од Владата – порача Манчевски.