📽️ „ИЗВИНЕТЕ, НЕ ЗНАЕВ ДЕКА СТЕ ТУКА“ Мецола не очекуваше да ја види Брнабиќ во Брисел

Српската претседателка на парламентот Ана Брнабиќ имаше неочекуван „тет-а-тет“ состанок со претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола во Брисел, но средбата не беше објавена на официјалните канали на ЕП.

545

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, вчера во Брисел имаше кратка „тет-а-тет“ средба со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, која не беше дел од официјалната агенда и за која нема информации на веб-страницата на ЕП, објави Нова.рс.

На видеоснимки што се појавија на социјалните мрежи, може да се види моментот кога Мецола е изненадена од присуството на Брнабиќ.






– Извинете, не знаев дека сте тука – ѝ рече Мецола на Брнабиќ.

 

Од своја страна, Брнабиќ ѝ се заблагодари на претседателката на ЕП што дошла од Брисел во Стразбур, на што Мецола одговорила дека во меѓувреме ја исполнила својата агенда и имала други средби.

Детали за тоа што било разговарано не се достапни на официјалните канали на Европскиот парламент. Според Нова.рс, средбата била „тет-а-тет“ и не била предвидена во официјалната програма, поради што немало заедничко обраќање до медиумите, ниту снимки на веб-страницата на ЕП.

Во контраст, средбата на Мецола со американскиот државен секретар Крис Рајт, која следела веднаш по состанокот со Брнабиќ, беше редовно објавена на веб-страницата на Европскиот парламент. Новинарите кои присуствувале на почетокот на средбата со Брнабиќ разговарале со официјалниот снимател на институцијата, кој им објаснил дека оваа средба нема да биде снимана.

Според изворите на Нова.рс, тајноста на средбата се должи на тоа што не била дел од однапред планираната агенда и не било предвидено официјално известување за јавноста.

Поврзани содржини