ИЗВИДНИК И ПСИХОЛОГ ЌЕ ПРАВАТ ГРАДИНКА НА ОТВОРЕНО Штипјани први ќе ги носат децата на чување во природа

Работата со деца не ни е непозната. Ние и двајцата имаме волонтирано во шумски градинки во Литванија, од каде што добивме инспирација и се стекнавме со искуство, велат АнаМарија Павлова и Бојан Андонов, креатори на проектот за градинка на отворено кој беше добитник на награда за младински идеи од проектот RISE имплементиран од АРНО.

592

„Камп“- градинка на отворено е добитник на една од наградите за младински идеи од проектот RISE кој втора година по ред го имплементира „АРНО“.

Станува збор за проект на двајцата млади штипјани АнаМарија Павлова и Бојан Андонов, односно, идеја за градинка на отворено каде што децата секој ден ќе се чувствуваат како да се во извиднички камп.






Бојан е студент на Природно-техничкиот Факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, но и долгогодишен извидник и началник на Извидничкиот одред „Еквинокс“ од Штип, па е вистинскиот човек за реализирање на идејата. Впрочем, тој и АнаМарија се одличен тандем кои кога ќе ги спојат неговите знаења од теренот и нејзиното образование од областа на психологијата, но и заедничкото волонтирање во градинка на отворено во Литванија, се добива вистински погодок. Конечно, децата нема да плачат кога ќе ги носат во градинка, напротив, секој ден за нив ќе биде нова авантура.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини