ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО СИТЕ ВОЗАЧИ ВО СКОПЈЕ Изменет сообраќај в недела, еве кои траси ќе бидат затворени

Министерството за внатрешни работи најави дека ќе преземе мерки за регулирање на сообраќајот и апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полицијата.

1,155

Во Скопје, в недела, ќе има посебен режим на сообраќај на две локации: околу Спортскиот центар „Борис Трајковски“ поради меѓународниот ракометен натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, а и на потегот од Средно Водно до манастирот Св. Пантелејмон, поради хуманитарна трка во рамки на одбележувањето на Денот на Европа.

Министерството за внатрешни работи најави дека ќе преземе мерки за регулирање на сообраќајот и апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полицијата.






„Утре со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар ‘Борис Трајковски’ ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид од Р.Македонија и РК АЕК од Р.Грција. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците кон и околу спортскиот центар“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од Средно Водно до манастирот Св.Пантелејмон во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај поради одржување на хуманитарна трка.

„Утре со почеток во 10:00 часот ќе се одржи хуманитарна трка по повод одбележување на Денот на Европа насловена како ‘Сите за Кочани – трчаме заедно’, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св.Пантелејмон и обратно. Од  тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници“, соопшти МВР.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Поврзани содржини