ИЗВЕШТАИТЕ ЗА ЖРТВИ СЕ ЗАГРИЖУВАЧКИ Гутереш бара прекин на огнот во Нагорно-Кaрабах
Руски медиуми информираа дека Советот за безбедност на ОН на 21 септември на која ќе се разговара за Нагорно Карабах.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази огромна загриженост поради извештаите за жртви во Нагорно-Карабах и повика на итен прекин на непријателствата.
„Генералниот секретар е крајно загрижен за употребата на воена сила во регионот и извештаите за жртви, вклучувајќи го и фактот дека има жртви меѓу цивилното население. Генералниот секретар повикува на итен прекин на непријателствата, ескалација и построго почитување на примирјето од 2020 година“, се вели во соопштение.
Како што е наведено, Гутереш е „се уште загрижен за хуманитарната ситуација на теренот“ и го повторува својот повик за итни чекори за олеснување на пристапот до хуманитарните акции на луѓето на кои им е потребна.
Во меѓувреме руски медиуми информираа дека Советот за безбедност на ОН на 21 септември на која ќе се разговара за Нагорно-Карабах.
Вчера Азербејџан започна голем напад врз Нагорно-Карабах. Најмалку 25 лица загинаа, а 138 се ранети во Нагорно Карабах.