ИЗВЕШТАИТЕ ЗА МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ НЕ СЕ РЕАЛНИ? Државниот завод за ревизија се воздржува од давање целосно мислење за 2020 година

Од ДЗР, исто така, посочуваат дека не се добиени забелешки на нацрт извештајот од одговорното лице од Железници на РСМ – Транспорт АД.

131

Државниот завод за ревизија (ДЗР) се воздржува од давање мислење за тоа дали финансиските извештаи за Железници на РСМ-Транспорт АД за 2020 година биле реални и објективни, јавува МИА. Истовремено, ДЗР ги проверил другите аспекти на работењето на компанијата, како што се усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики. Ревизорскиот извештај е негативен.

Од ДЗР, исто така, посочуваат дека не се добиени забелешки на нацрт извештајот од одговорното лице од Железници на РСМ – Транспорт АД.






Еве ги клучните неправилности кои ги забележал ревизорот за 2020 година.

– нереална проценета вредност на активата по основ на евидентиран гудвил, односно средствата на Друштвото на датумот на известување се преценети, а акумулираните загуби потценети за износот на

евидентираниот гудвил;

– пресметката на плата за вработените не е согласно законски и подзаконски акти;

– со посебен акт не е утврден начинот на вршење на попис и истиот не е целосно спроведен со состојба 31.12.2020 година;

– необјективно искажување на позициите за краткорочни побарувања од купувачи и краткорочни обврски кон добавувачи;

– недоследности во постапките за доделување на договори за јавна набавка.

Ревизорот, во извештајот како прашања за неизвесност и континуитет ги истакнува континуираната годишна загуба на Друштвото и недоволното средства на годишно ниво за субвенционирање на трошоците за патнички сообраќај од Буџетот на државата како услуга од јавен интерес, како и тоа што има судски постапки кои се во тек во кои тужена страна е Друштвото во износ од 154.018 илјади денари.

Клучни препораки од Државниот завод за ревизија до Железници на РСМ – Транспорт АД се:

– донесување на правилник за плати, усогласување и утврдување на критериуми за пресметка на плата;

– утврдување на точноста на почетните состојби и влезните податоци во трговските книги и финансиски извештаи;

– донесување на акт за вршење на попис и вршење на целосен годишен попис со усогласување на сметководствената со фактичката состојба;

– водење на постапките за јавна набавка и реализација на склучените договори согласно пропишаните одредби

Поврзани содржини