ИЗВЕШТАЈОТ НА ОДИХР СО ДУЗИНА ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА Дадени се серија препораки за следните избори
Премиерката Ана Брнабиќ најави прес-конференција за утре претпладне, додека опозициската коалиција „Србија против насилство“ оцени дека извештајот на ОДИХР ги потврдил изборните нерегуларности.
ОДИХР објави извештај за парламентарните избори во Србија од 17 декември, во кој се потврдуваат многу забелешки од опозицијата, но и од Европскиот парламент и се даваат низа препорака за тоа како треба да се подобри изборниот процес, вклучувајќи измени на законот за избирачки список, спречување на заплашување и притисок врз гласачите, спречување функционерски кампањи и воведување разумни кратки рокови за одлуките на Уставниот суд.
На властите во Србија им се укажува дека прашањето за единствениот избирачки список, починатите во него и појавата на масовна миграција на гласачите мора да се реши во соработка со политичките партии и со граѓанското општество.
Премиерката Ана Брнабиќ најави прес-конференција за утре претпладне, додека опозициската коалиција „Србија против насилство“ оцени дека извештајот на ОДИХР ги потврдил изборните нерегуларности.
Во Извештајот на ОДИХР, кој ексклузивно го објави Нова.рс, има неколку клучни точки. Најмногу се зборува за избирачкиот список, за починатите кои се уште се во него, како и за миграцијата на гласачите.
Следните три препораки се однесуваат на официјалната кампања, заплашувањето на гласачите и работата на Регулаторното тело за електронски медиуми.
Во препораката број 5 се наведува дека Законот треба да обезбеди јасна поделба помеѓу официјалните функции и активностите на кампањата на носителите на функции.
„Властите треба да преземат мерки за да се спречи злоупотреба на положбата и државните ресурси, а секое прекршување треба проактивно да се решава преку пропорционални и одвраќачки санкции“ – се вели во извештајот.
Претходно беше истакнато дека во кампањата доминирал интензивниот ангажман на претседателот Александар Вучиќ, кој давајќи ѝ системска предност на владејачката партија, создал нефер изборни услови.
Во препораката 6 се наведува и дека властите треба да спречат заплашување и притисок врз гласачите, вклучително и врз вработените во јавниот сектор и државните институции.