Извештај: Многу околности предизвикаа соборување на украинскиот авион во Иран

Иранските власти првично негираа одговорност, но го сменија ставот  откако западните држави изнесоа докази дека иранска ракета го соборила авионот.

325

Соборувањето на украинскиот патнички авион во близина на Техеран на 8 јануари годинава се случи поради неусогласено ракување на батеријата за истрелување ракети, недостиг на комуникација помеѓу армијата и командантите и одлуката да се пука без одобрување, – се наведува во новиот извештај на иранската Организацијата за цивилен сообраќај.

Таквиот извештај навестува нова фаза во истрагата за соборениот украински авион од страна на иранската Револуционерна гарда, при што загинаа 176 луѓе.






Иранските власти првично негираа одговорност, но го сменија ставот  откако западните држави изнесоа докази дека иранска ракета го соборила авионот.

Во новиот извештај се посочени низа детали кои укажуваат дека можело да биде избегнато соборувањето на украинскиот патнички авион.

Поврзани содржини