ИЗВАДИ ИМ ГИ ДОКУМЕНТИТЕ ЗА ИЗВОЗОТ НА ЦВЕТ ОД КАНАБИС И СМЕСТИ ГИ ВО ЗАТВОР! Коцевски го советува Сали како да се одмазди на заминување
Пратеникот Коцевски потсети дека предлог законот за опојни дроги не поминал во Собрание, па праша според кој член од закон се врши извоз на цвет од канабис, што преставува кривично дело за кое со оди во затвор.
Сали имаше шанса овие криминалци измеќари да ги затвори, но таа шанса не ја искористи, имаше толку многу можности, а има и сега – рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Коцевски на денешната собраниска седница за разрешување на министерот за здравство Беким Сали.
– Една од многуте можности, беше на едно мое пратеничко прашање пред неполни два месеци, да бидам прецизен ќе ви го повторам прашањето: Дали од страна на комисијата за контрола на опојните дроги се врши најмалку два пати контрола над одгледувањето на канабисот и увид во документацијата и евиденцијата? Значи побарав извештај за целокупната работа, а се случи да добијам дваесет секунден одговор од заменикот министер и потоа ништо не се случи. А, со тој извештај можеа да ги затворат Ковачевски, Оливер Спасовски и цела Влада – истакна Коцевски.
За да не останам недоречен, додаде Коцевски, и да му помогнам на господинот Сали, овој ден, два, три додека сеуште не е разрешен, да побара некои документи и да го срочи обвинението, завршена ќе биде прикаската.
Коцевски потсети дека предлог законот за опојни дроги не поминал во Собрание, па праша според кој член од закон се врши извоз на цвет од канабис, што преставува кривично дело за кое со оди во затвор.
– Да ве потсетам, предлог законот за контрола на опојни дроги не им помина едно време, на овие што го понудија за извозот на цветот на канабисот, меѓутоа сè уште една до две фирми вршат извоз на цветот. По кој член од законот? Кривично дело за кое се оди во затвор. Тоа господинот Сали нека го најде, нека го најде документот и веднаш да го срочи обвинението. Тоа ви го кажувам и на вас, на вашиот иден министер ако помине, и ако сте против корупцијата и криминалот, баш да видиме дека тоа вие ќе го направите – рече Коцевски.
Коцевски исто така праша, што се случува со Медикал 420, дали е одземено решението за одгледување и ако е, како повторно продолжува со работа, дали се знае колку канабис се произведено, колку вишок останува и каде оди тој вишок.
– Е, тука може да го прашува Оливер Спасовски, каде оди тој вишок? А, Ковачевски знае. Значи, обезбедете ги вие, како дел од „Пазар 3 коалицијата“, овие документи и јас ќе ви верувам – посочи Коцевски.