ИЗВАДЕТЕ ЈА ЗИМСКАТА ОБЛЕКА ОД ШКАФОВИТЕ Од недела температурите драстично ќе паднат, следува и снег

Во Скопскиот регион следува значително постудено време во следниот период, а облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за повремен локален дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветар претежно од југоисточен правец.

1,008

Под влијание на уште постуден воздушен бран од север и од североисток, од утре (недела), па и на почетокот на следната седмица, температурите ќе паднат за 4 до 8 степени во однос на сегашните, а облачноста ќе се зголемува и ќе има појава на повремен локален дожд, додека, пак, на планините повремено ќе врне снег, со што е можна појава и на првата снежна покривка за оваа сезона таму, иако истата ќе биде тенка.

Повремено ќе дува слаб до умерен ветар од источен и од југоисточен правец.






И во Скопскиот регион следува значително постудено време во следниот период, а облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за повремен локален дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветар претежно од југоисточен правец.

Наутро, особено утре (недела), како и во понеделник, температурите повторно ќе бидат особено ниски и на повеќе места низ Македонија ќе се спуштаат под нулата, додека, пак, особено во Беровскиот регион, температурата се очекува да се спушти до околу -7 или -8 степени.

Што се однесува до максималните дневни температури, утре (недела), како и на почетокот на следната седмица, температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -2 и 1 степен, додека, пак, максималната дневна температура ќе се искачува до околу 14 степени.

Поврзани содржини