ИЗВАДЕНИ НОКТИ, ВРЗАНИ РАЦЕ Во Украина најдена нова гробница со цивили (ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ)

Русија го избра патот на теророт против цивилното население и мора да биде признаена како држава која го спонзорира тероризмот“, рече Подољак.

1,471

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак, денеска објави две вознемирувачки фотографии на социјалните мрежи.

„Извадени нокти. Врзани раце. Уште еден гроб во кој има двајца цивили е пронајден во селото Каљнивка во Киевската област“, ​​напиша Подољак заедно со фотографиите.






„Уште колку такви злосторства има на моментално окупираните територии? Русија го избра патот на теророт против цивилното население и мора да биде признаена како држава која го спонзорира тероризмот“, рече Подољак.

 

Поврзани содржини