Се уште неофицијално отворен, Македонскиот културен клуб Никола Вапцаров во Благоевград денеска беше предмет на вандализам од страна на непознати сторители. Во текот на вчерашниот ден била извадена буквата М од насловот на Македонскиот културен клуб Никола Вапцаров, соопшти Нов АСНОМ според информации добиени од Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права, пишува Република.
„Овој чин на вандализам е напад на меѓуетничката толеранција во Европска Бугарија, чија влада не ги осудува ваквите акти на меѓуетничка нетрпеливост и со самото тоа се става на страната на чинителите на ваквиот вандалски чин. Од друга страна, нашата Влада, мирно и кротко си молчи на агресивната етничка нетрпеливост манифестирана против Македонците во Бугарија, ефективно спроведувајќи го Бугарскиот Договор, точката 11 алинеја 5 од истиот. Со тоа, владата на земјата чие име Северна го мразиме, се става на страната на тие што ја подгреваат етничката нетрпеливост во Бугарија“, додаваат од Нов АСНОМ.