ИЗУТРИНАВА ПОВТОРНО ДОЈАВИ ЗА БОМБИ На удар основни и средни училишта

МВР соопшти дека на електронските адреси на 31 училиште во Скопје утринава е упатена закана за поставена експлозивна направа.

489

Повеќе основни и средни училишта во Скопје изутринава и во текот на ноќта добиле заканувачки и-меил пораки за поставени бомби, велат извори на Плусинфо.

Дојави за бомби добиле основни училишта во скопските населби Аеродром, Кисела Вода и Центар, како и неколку средни училишта во овие населби.






МВР соопшти дека на електронските адреси на 31 училиште во Скопје утринава е упатена закана за поставена експлозивна направа и дека веднаш по добиените пријави, преземени се мерки за безбедно евакуирање на објектите, а во тек се антитерористички проверки.

Неодамна премиерот Димитар Ковачевкси навести дека има одреден напредок во истрагата за откривање на дојавувачите, но засега нема никакви резултати.

Претходно Министерството за образование издаде инструкции во случај на дојави за бомби училиштата да се префрлат на он-лајн настава.

Поврзани содржини