ИЗУМ КОЈ МОЖЕ ДА СПАСИ ЖИВОТИ Инженер пронајде машина која произведува вода за пиење од воздух (ВИДЕО)
Целта е да им се помогне на луѓето, рече Енрике Вега, 82-годишен инженер, кој ја измислил машината за време на голема суша во јужна Шпанија во 1990-тите.
Шпанска компанија смисли систем за извлекување на вода за пиење од воздухот што ќе ги снабдува сушните области каде што луѓето очајно имаат потреба од вода за пиење.
Целта е да им се помогне на луѓето, рече Енрике Вега, 82-годишен инженер, кој ја измислил машината за време на голема суша во јужна Шпанија во 1990-тите.
– Целта е да стигнеме до места како бегалски кампови кои немаат вода за пиење – додаде тој.
Уредите на неговата компанија „Aquaer“ веќе испорачуваат чиста и безбедна вода до локации во Намибија и Либан.
– Во селата што ги посетивме во Намибија, тие беа запрепастени. Не разбраа, прашаа од каде доаѓа водата – рече тој.
Машините користат електрична енергија за да го разладат воздухот додека не се кондензира во вода, користејќи го истиот принцип што доведува до кондензација во климатизерите.
Додека другите генератори на вода базирани на слична технологија бараат висока влажност на околината и ниски температури за ефикасно работење, машините на Вега работат на температура до 40 Целзиусови степени и можат да издржат влажност помеѓу 10 и 15 проценти.
Една мала машина може да произведе 50 до 75 литри вода дневно и е лесно пренослива. Поголемите верзии можат да произведат до 5.000 литри вода дневно.