Изум

1,191

И вели внукот на бабата:

– Бабо, знаеш ли дека можам ова црвчево да го протнам низ клучалката на вратата?






– Не внучко, не можеш. Црвот е мал, мек, лигав и не може да се протне.

– Ај да се кладиме дека можам. Ако успеам ќе ми купиш ли точак?

– Е ај баш да видиме. Ќе ти купам.

Внукот го зема црвчето, со прстите од двете раце го издолжува како со сукало, потоа вади некаков спреј од џебот и го попрскува. Црвот одеднаш се вкочанува. Така издолжен и вкочанет, внукот лесно го протнува низ клучалката.

– Сега ќе ми дадеш ли пари да си купам точак?

– Еве ти внучко пари за точак. И појди кај дедо ти, дај му го спрејот и ќе ти купи мотор.

Поврзани содржини