Изречени санкции за 250 несовесни скопјани
За пречекорување на дозволената брзина на движење се изречени 77 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 250 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 77 прекршоци, 18 технички неисправни и нерегистрирани возила, 66 мерки за непрописно паркирање, 61 возило подигнато со „пајак“ и 33 казни за неносење на заштитна маска – велат од МВР.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.