Изречени мерки за 341 возач во Скопје, 25 без возачка дозвола
Од министерството додаваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, па поради тоа упатуваат апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
– Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 341 меркa, меѓу кои 25 за возење без возачка дозвола, 31 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 19 за користење на мобилен телефон и 17 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло). Изречени се 72 мерки за непрописно паркирање, а 58 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. За неносење на заштитна маска изречени се 16 санкции – се вели во соопштението од МВР.
Од министерството додаваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, па поради тоа упатуваат апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.