📽 „ОВА Е ВОВЕД ПРЕД КОПНЕНАТА ОФАНЗИВА“ Убиени се тројца високи оперативци на Хамас
Овие рации, најавуваат од израелскиот воен и државен врв, се претходница на пошироката копнена офанзива.
Втор пат израелските тенкови влегоа во Појасот Газа, а овојпат елиминирани се тројца оперативци на групата Хамас. Израелските одбранбени сили ИДФ рекоа дека баталјонот „Дарај Туфах“ на кој припаѓале ликвидираните оперативци е најзначајната бригада на Хамас.
ИДФ соопшти дека во рацијата, што се изведува втора ноќ по ред, во близина на населбата Шуџаи, во источниот дел на Газа, учествуваат пешадиски единици, оклопни и други единици со поддршка на беспилотни летала и борбени хеликоптери.
Извршени се артилериски и воздушни напади врз цели на Хамас, вклучувајќи и локации за лансирање на противтенковски наведувани ракети и командни центри, соопшти израелската армија.
IDF carried out another “limited” raid in the Gaza Strip overnight, striking Hamas targets.
All IDF forces left the area & no casualties are reported. pic.twitter.com/We09U8a6dU
— #Insider (@insider_der) October 27, 2023
По неколку часа интервенции сите припадници на израелските сили се вратени на израелска територија и нема повредени или загинати војници.
Овие рации, најавуваат од израелскиот воен и државен врв, се претходница на пошироката копнена офанзива.
Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари синоќа изјави дека копнените упади ќе продолжат додека се подготвуваат следните фази од војната против Хамас.
Тој кажа дека израелската армија продолжува да ја напаѓа Газа од воздух и од море и е фокусирана
на убивањето високи команданти на Хамас и уништување на инфраструктурата на организацијата.