ИЗРАЕЛСКИТЕ ПРОВОКАЦИИ КОН ЏАМИЈАТА АЛ-АКСА СЕ НЕПРИФАТЛИВИ Спиралата на насилство на Блискиот Исток мора итно да запре

Муслиманските заедници да не молчат пред заканите кон светилиштето и ограничувањето на пристапот до него, вели претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

118

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на итен прекин на насилството на Блискиот Исток во телефонски разговор со индонезискиот претседател Прабово Субијанто.

„Спиралата на насилство, која почна со нападите врз Иран и се прошири во земјите од Персискиот Залив, мора веднаш да се прекине“, се наведува во соопштението на турската Дирекција за комуникации, во која се цитира турскиот претседател.






Ердоган ги осуди, како што ги нарече, израелските провокации насочени кон џамијата Ал-Акса, оценувајќи ги како „неприфатливи“.

Тој посочи дека е важно муслиманските заедници да не молчат пред, како што рече, заканите кон светилиштето и ограничувањето на пристапот до него.

Двајцата претседатели разговарале и за билатералните односи, како и за регионалните и глобалните случувања.

Поврзани содржини