ИЗРАЕЛСКИОТ ПРЕМИЕР Е ПЕСИМИСТ ПО СРЕДБАТА СО ПУТИН Ќе помагам, но мали се шансите за успех

688

Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска изјави дека ќе продолжи да се обидува да помогне во решавањето на кризата во Украина, иако, според него, шансите за успех не се големи, пренесуваат британските медиуми.

Бенет денеска повторно разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, трет пат во последните два дена, потврди портпаролот на израелскиот премиер, без да даде дополнителни информации за разговорите.






Од кабинетот на Бенет вчера соопштија дека израелскиот премиер заминал во ненајавена посета на Москва за да разговара за украинската криза со рускиот претседател Владимир Путин.

Бенет, на барање на Украина, се понуди Израел да посредува во решавањето на руско-украинската криза.

Поврзани содржини