БЕНИ ГАНЦ ГО НАПУШТИ НЕТАНЈАХУ Сега не е време за откажување, му порача израелскиот премиер
Тој повика на предвремени избори. Бени Ганц смета дека „треба да има избори по кои ќе се формира влада која ќе ја има довербата на народот и ќе може да се соочи со предизвиците“. Сепак, неговото повлекување нема да значи и пад на владата, бидејќи Нетанјаху и неговите поддржувачи сè уште имаат мнозинство од 64 пратеници во 120 члениот парламент, и без партијата на Ганц.
Лидерот на израелската опозиција Бени Ганц објави дека ја напушта владата за вонредна состојба на премиерот Бенјамин Нетанјаху формирана по нападот на палестинското исламистичко движење Хамас на 7 октомври. Ганц вечерва изјави дека ја поднесува оставката оставката поради разликите во мислењата за иднината на Појасот Газа, пренесува ДПА.
Неколку моменти по оставката, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека „сега не е време да се откажеме од борбата, време е да се комбинираат овластувањата“, се вели во преводот на Јерусалим Пост, пренесува Њузвик.
Шеесет и петгодишниот поранешен министер за одбрана, претходно се закани дека ќе се повлече доколку владата на Нетанјаху не успее да подготви план за повоено уредување во Појасот Газа.
Ултиматумот што Ганц му го постави на Нетанјаху за ова прашање пред неколку недели истече во саботата. Сепак, поради драматичното спасување на четворицата израелски заложници од Појасот Газа, тој во последен момент ја одложи планираната прес-конференција.
Според Ганц, оставката од владата предводена од Нетанјаху ќе влијае и на другите членови од неговата партија Национално единство. Тој повика на предвремени избори.
Сепак, неговото повлекување нема да значи и пад на владата, бидејќи Нетанјаху и неговите поддржувачи сè уште имаат мнозинство од 64 пратеници во 120 члениот парламент, и без партијата на Ганц.