ИЗРАЕЛСКИ МИНИСТЕР ГИ ПОВИКА ЕВРЕИТЕ ДА СЕ ИСЕЛАТ ОД ЊУЈОРК Ќе ви биде градоначалник приврзаник на „Хамас“

Њујорк никогаш повеќе нема да биде ист, посебно за својата еврејска заедница - напиша израелскито министер за дијаспора на платформата „Икс“. Сепак, многу њујоршки Евреи, па и оние традиоционални и ортодоксни,  кои се критички настроени кон Израел, го поддржуваат Мемдани.

868

Израелскиот министер за дијаспора и антисемизам Амихај Чикли ги повика денеска Евреите да се отселат од Њујорк по изборот на Зохран Мамдани за градоначалник, пренесе „Бета“.

– Градот кој некогаш беше симбол за слобода за светот, тукушто ги предаде своите клучеви на приврзаник на „Хамас“. Њујорк никогаш повеќе нема да биде ист, посебно за својата еврејска заедница – напиша Чикли на платформата „Икс“.






Чикли, десничарски министер, познат по радикалните изјави, ги повика њујоршките Евреи сериозно да размислат „Земјата Израел да стане нивен нов дом“.

Канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху и Министерството за надворешни работи на Израел засега не ги коментираа резултатите од изборот за градоначалник на Њујорк.

Мамдаини во последните месеци повеќе пати зборуваше против антисемитизмот, но ја осуди и исламофобијата, која, како што вели, лично ја доживеал.

Ставовите на Мамдани за Израел дека е управуван од „режим на апартхејд“ и чија офанзива во Појасот Газа ја осуди како геноцид, предизвикаа силни реакции, вклучително и незадоволство од делови од еврејската заедница.

Мамдани, член на левичарската опозициска Демократска партија, ќе стане првиот муслимански градоначалник на Њујорк кога ќе ја преземе функцијата во јануари.

Повици до Евреите од Њујорк да не гласаат за Мемдани дојдоа од американскиот претседател Доналд Трамп непосредно пред гласањето. Тој ги нарече „глупави“ сите Евреи што ќе гласаат за демократскиот кандидат.

Сепак, многу њујоршки Евреи, па и оние традиоционални и ортодоксни,  кои се критички настроени кон Израел, го поддржуваат Мемдани. На социјалните мрежи кружат видеа со нивната поддршка на улиците на Њујорк, и нивното славење на победата на Мемдани.

Поврзани содржини