ИЗРАЕЛСКИ АВИОН СЕ СРУШИ ВО ГРЦИЈА Безживотни тела на две лица се извлечени од морето (ФОТО)
Според првичните информации од Грција, станува збор за приватен израелски авион, кој полетал од Израел, а над островот му се загубила трагата.
Безживотни тела на две лица биле пронајдени и извлечени од грчката крајбрежна служба по падот на мал авион од типот „Цесна 172“ во морскиот дел во близина на грчкиот остров Самос, јави дописничката на МИА од Атина.
Според првичните информации од Грција, станува збор за приватен израелски авион, кој полетал од Израел, а над островот му се загубила трагата.