Израелска компанија произведе сензор за одредување физичко растојание
Меѓу првите компании кои се одлучија да го набават овој сензор е Deloitte како и Coca-Cola, Facebook и Dell.
Израелската компанија PointGrab направи сензори за следење на физичкото дистанцирање на работното место.
Сензорот е голем колку аларм за детекција на чад. Со него се одредува точната положба и бројот на луѓе во една просторија, било да е тоа канцеларија, хотел или ресторан, но и оддалеченоста на луѓето едни од други и каде се движат во објектот.
Тие се поврзани со екрани во просториите, а на кои може да се види кои маси и други заеднички површини се слободни.
Меѓу првите компании кои се одлучија да го набават овој сензор е Deloitte. Оваа корпорација инсталираше сензори во своите простории во Лондон.
Сензори на PointGrab купија и Coca-Cola, Facebook и Dell.