Израелците тврдат дека измислиле маска што го убива ковид-19
Маската во изгледот не се разликува од класичната маска за лице, но материјалот од кој е изработена содржи бакар оксид со антивирусни и антибактериски средства.
Научниците од Израел тврдате дека смислиле заштитна маска која сама го уништува коронавирусот. Како што објавија светските медиуми, маската е направена со помош на технологија за изработка на завои и воена опрема, а специфичноста на маската лежи во фактот деке нејзината ефикасност не се намалува со текот на времето.
Како што истакнале научниците, ваквиот производ е одличен за медицинските работници, како за сите луѓе кои сакаат максимално да се заштитат од невидливиот непријател. Инаку, маската во изгледот не се разликува од класичната маска за лице, но материјалот од кој е изработена содржи бакар оксид со антивирусни и антибактериски средства.