ИЗРАЕЛ СО НОВ НАПАД Убиен човек одговорен за финансирање сојузници на Иран
Израелската армија соопшти дека во напад во Техеран е убиен командант поврзан со финансирање на регионални сојузници на Иран.
Израелската армија соопшти дека во напад во Техеран е убиен висок ирански командант, идентификуван како Џамшид Ешаги.
Во соопштението на Израелски одбранбени сили се наведува дека Ешаги бил „командант на штабот одговорен за нафтените работи за силите на иранскиот режим“, како и лице задолжено за обезбедување финансиски средства за сојузниците на Иран во регионот.
Според истите информации, тој бил поврзан со финансирање на либанското движење Хезболах и јеменските бунтовници Хути.
Ешаги бил ставен и на санкциската листа на Министерство за финансии на САД, каде бил означен како „глобален терорист“.
Нападот доаѓа во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток, додека аналитичарите предупредуваат дека ваквите операции може дополнително да ја влошат безбедносната состојба во регионот.