Израел: Прв концерт со доказ за примена вакцина ВИДЕО

754

Стотици луѓе вакцинирани против коронавирус денеска учествувале на концерт на отворено организиран од градската управа на Тел Авив, прв ваков концерт од избувнувањето на пандемијата.

Танцувајќи на трибините, петстотини воодушевени посетители со заштитни маски го следеле концертот на израелската поп-пејачка Иври Лидер на фудбалскиот стадион Блумфилд.






За да можат да влезат на стадионот, гледачите морале да покажат потврда од израелското Министерство за здравство дека ги добиле двете дози на вакцината на „Фајзер“.

Во Израел повеќе од половина од популацијата е вакцинира барем со првата доза на вакцина против коронавирус.

 

Поврзани содржини