ИЗРАЕЛ ПОВТОРНО НАПАДНА УЧИЛИШТЕ ВО ГАЗА Загинаа најмалку 14 луѓе, меѓу кои и деца

Барем 14 луѓе, вклучувајќи жени и деца, се убиени во нападот врз училиштето.

170

Израелската армија (ИДФ) потврди дека извршила напад врз училиште во бегалскиот камп Нусеират, тврдејќи дека цел бил команден и контролен центар на Хамас.

Според израелската армија, комплексот се користел за планирање и за изведување напади врз израелските сили во Појасот Газа и против Израел.






Барем 14 луѓе, вклучувајќи жени и деца, се убиени во нападот врз училиштето, пишува Ал Џезеира.

Официјални лица од болницата „Авда“ во Нусеират соопштија дека примиле 10 мртви од нападот, а уште четворица мртви биле донесени во болницата „Мачениците Ал Акса“ во Деир ал Балах. Најмалку една жена и две деца се меѓу загинатите, а најмалку 18 лица се ранети во нападот, соопштија болничките власти, пренесува Еј-пи њуз.

ИЗРАЕЛЦИТЕ НАПАДНАА УЧИЛИШТЕ ВО ГАЗА Загинаа 30 Палестинци, а повеќе од 100 лица се повредени

ИЗРАЕЛ ГРАНАТИРАШЕ УЧИЛИШТЕ СО РАСЕЛЕНИ ЛИЦА ВО ГАЗА Има повеќе од 100 жртви

ИЗРАЕЛ БОМБАРДИРАШЕ УЧИЛИШТЕ ВО ГАЗА Во нападот загинаа најмалку 25 лица

 

Поврзани содржини