ИЗРАЕЛ ПОДГОТВЕН ДА ГО НАПАЃА ИРАН УШТЕ НАЈМАЛКУ ТРИ НЕДЕЛИ Во координација сме со САД, вели ИДФ

Портпаролот на израелската армија додаде дека Израел сака да ги постигне своите цели, во голема мера да го ослабне иранскиот режим. 

52

Портпаролот на израелската армија Ефи Дефрин денеска изјави дека Израел планира да ги продолжи нападите врз Иран најмалку уште три недели.

– Подготвени сме, во координација со нашиот американски сојузник, а нашите планови се најмалку до Пасха, за околу три недели. Исто така имаме детални планови за следните три седмици, посочи Дефрин во изјава за весникот Хаарец.






Toj додаде дека Израел сака да ги постигне своите цели, во голема мера да го ослаби иранскиот режим.

Неговите изјави доаѓаат по објавените информации во САД дека Израел веќе го информирал Вашингтон дека има критично ниско ниво на пресретнувачи на балистички ракети додека продолжува конфликтот со Иран. Според американски официјални лица цитирани од порталот „Семафор“, угледен но релативно нов медиум, во кој се ангажирани поранешни новинари од Вашингтон пост, Вол стрит журнал и други, Израел веќе влегол во тековната војна со ограничени залихи на пресретнувачи, откако употребил значителен број за време на борбите со Иран минатото лето.

Израелските системи за воздушна одбрана со долг дострел се под силен притисок од континуираните ирански ракетни напади. Еден американски функционер за „Семафор“ изјави дека ситуацијата во Вашингтон била очекувана со месеци.

– Тоа е нешто што го очекувавме и го предвидовме – рекол функционерот.

Тој нагласил дека самите САД не се соочуваат со сличен недостиг на пресретнувачи, дури и кога аналитичарите и некои креатори на политики изразија загриженост за потенцијалното оптоварување на американските залихи доколку конфликтот со Иран продолжи.

Останува нејасно дали Вашингтон ќе продаде или ќе префрли дополнителни системи за пресретнување на Израел. Соединетите Американски Држави вклучија системи за ракетна одбрана во претходните пакети за воена помош за Израел, иако тоа би можело да изврши дополнителен притисок врз американските залихи.

Поврзани содржини