ИЗРАЕЛ ПОЧНА НОВ БРАН НАПАДИ ВРЗ ИРАН И ЛИБАН Сирените се огласија и во Тел Авив

„Израелските одбранбени сили започнаа дополнителен бран напади врз инфраструктура на иранскиот терористички режим во централниот дел на Иран“, се наведува во соопштението објавено на платформата Телеграм.

89

Израел утринава започна нов бран напади врз цели во Иран и Либан, соопшти израелската армија, пренесе ДПА.

„Израелските одбранбени сили започнаа дополнителен бран напади врз инфраструктура на иранскиот терористички режим во централниот дел на Иран“, се наведува во соопштението објавено на платформата Телеграм.






Израелската армија соопшти и дека погодила цели на проиранската групација Хезболах во Бејрут.

Претходно денеска израелската војска информираше за повеќекратни ракетни напади од Иран врз Израел.

Сирени за воздушна опасност повторно се огласија во Тел Авив и во други делови на земјата. Противвоздушната одбрана била активирана, соопшти армијата во објава на Телеграм. Подоцна воздушната тревога беше укината.

Иран вчера соопшти дека од почетокот на борбените дејствија на 28 февруари испукал најмалку 500 балистички и крстосувачки ракети и повеќе од 2.000 борбени дронови, главно кон Израел.

Поврзани содржини