ИЗРАЕЛ ОТКРИ НОВ НАЧИН ЗА УБИВАЊЕ ДЕЦА Тоа е одлуката да ја запре помошта на ОН за палестинските бегалци, обвинува УНИЦЕФ

Доколку Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) не може да дејствува, најверојатно ќе дојде до колапс на хуманитарниот систем во Појасот Газа, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер.

644

Одлуката на Израел да ги забрани работата и активностите на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) е нов начин за убивање деца, изјави денеска портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер.

– Доколку УНРВА не е во состојба да дејствува, најверојатно ќе дојде до колапс на хуманитарниот систем во Појасот Газа. Значи, ненадејна одлука како оваа значи дека е пронајден нов начин за убивање деца – рече портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер.






Портпаролот на канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања, Јенс Ларки, рече дека изјавата на Елдер „е правичен опис на тоа што го одлучија властите во Израел.

Поврзани содржини