Израел, ОАЕ и Бахреин, под покровителство на САД, потпишаа историски мировен договор

202

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потпиша историски договор за воспоставување дипломатски односи на еврејската држава со Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп.

Израелскиот лидер потпиша билатерални договори во Белата куќа со министерот за надворешни работи на ОАЕ, Абдула бин Зајед Ал Нахјан и министерот за надворешни работи на Бахреин, Абдулатиф ал Зајани, а тројцата лидери потпишаа заедничка декларација со Трамп.






Документите се наречени „Абрахамови договори“, а Трамп ги потпиша во својство на сведок.

Трамп ја поздрави „новата зора“ за Блискиот исток во услови на подготовки на Израел, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин да потпишат значаен договор со посредство на САД за нормализирање на односите.

– По неколку децении поделби и конфликти, ние ја славиме зората на новиот Блиски исток, им рече Трамп на стотиците луѓе на церемонијата на потпишување на Белата куќа. – Ние сме тука попладнево за да го смениме текот на историјат -, рече Трамп.

Нетанјаху, поканет да ги потпише договорите со министрите за надворешни работи на Бахреин и ОАЕ, му се придружи на Трамп, нарекувајќи го документот „историска пресвртница“.

– Овој ден е пресвртна точка во историјата, тој најавува нова зора на мирот – рече Нетанјаху на церемонијата.

Израелскиот премиер, исто така, рече дека новата шанса за мир спонзорирана од САД има потенцијал да стави крај на арапско-израелскиот конфликт засекогаш.

Во говорот, министерот за надворешни работи на ОАЕ, Абдула бин Зајед Ал Нахајан, лично му се заблагодари на Нетанјаху за „изборот на мир и запирање на анексијата на палестинските територии“.

Ова е првпат арапските држави да воспостават односи со Израел од Египет во 1979 година и Јордан во 1994 година.

За време на потпишувањето, беа истрелани две ракети од Појасот Газа, контролиран од Хамас, кон Израел. 

Поврзани содржини