ИЗРАЕЛ НЕ СЕ ОБВРЗА НА ПРЕКИН НА ОГНОТ Нетанјаху вели дека преговара само за безбедна рута за заложниците

По ослободување на заложникот Едан Александар, кој има израелско и американско државјанство, Нетанјаху напиша дека ќе продолжат преговорите за ослободување други заложници.

53

Израел не се обврза на прекин на огнот со радикалната палестинска група Хамас во Појасот Газа, ниту на размена на заложници за Палестинци во израелски затвори, туку само на обезбедување безбеден коридор за ослободување на заложникот со израелско и американско државјанство Едан Александар, соопшти денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Соопштението на премиерот беше објавено од неговиот кабинет.






Нетанјаху додаде дека преговорите за ослободување на сите други заложници на Хамас во Газа ќе продолжат, паралелно со подготовките за засилување на офанзивата против движењето во енклавата.

Вчера висок претставник на групата Хамас изјави за ДПА дека ослободувањето на Александар се очекува во следните 48 часа. Изјавата беше дадена пред патувањето на американскиот претседател Доналд Трамп на Блискиот Исток, каде ќе ги посети Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати.

Претседателот Трамп потврди дека заложникот ќе се врати дома кај своето семејство.

„Со радост соопштувам дека Едан Александар ќе се врати дома кај своето семејство. Ова е чекор во добра насока кон САД и напорите на посредниците – Катар и Египет – за ставање крај на оваа брутална војна и враќање на сите живи заложници и останките на нивните најблиски“,напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушал“, нарекувајќи ја оваа вест „монументална“.

Поврзани содржини