ИЗРАЕЛ НЕ ГО ОТВОРА ПРЕМИНОТ РАФА Хуманитарната помош ќе биде намалена
Израелските власти донесоа такква одлука бидејќи Хамас не ги предал телата на сите убиени заложници.
И покрај најавите дека Израел денеска ќе го отвори граничниот премин Рафа помеѓу Појасот Газа и Египет, границата останува затворена. Според неименуван израелски владин претставник во тек се подготовки за отворање на граничниот премин Рафа, но само за влез и излез на жителите на Појасот Газа.
Израелските власти вчера најавија дека граничниот премин ќе биде затворен, а хуманитарната помош ќе биде намалена бидејќи Хамас не ги предал телата на сите убиени заложници. Синоќа Хамас предаде уште четири тела.
Израелската телевизија Кан јави дека Израел одлучи да го отвори граничниот премин Рафа, да дозволи хуманитарна помош за енклавата и ги откажал планираните мерки против Хамас.