ИЗРАЕЛ НЕ ЈА ОТВОРА ГРАНИЦАТА, ХАМАС НЕ ГИ ДОСТАВИЛА СИТЕ ТЕЛА Само половина од камионите со помош ќе можат да влезат преку Египет

Израелската владина служба Когат соопштила дека поради прекршувањето на договорот од страна на Хамас, само на половина од договорените камиони со помош ќе им биде дозволено да влезат во Појасот Газа од среда, 15 октомври, со забрана за гориво и за гас.

528

Израел одлучи утре да не го отвора граничниот премин Рафа меѓу Појасот Газа и Египет, што е пропишано со договорот за прекин на огнот во Газа, бидејќи палестинската милитантна група Хамас не ја исполни својата обврска да ги врати телата на сите мртви заложници што сè уште ги држи во Појасот Газа, објавува „Тајмс оф Израел“.

Како што најави сајтот, Израел ќе го намали и износот на помошта што доаѓа во Газа како дел од санкциите против Хамас.






Овие потези доаѓаат откако израелските одбранбени претставници проценија дека Хамас не вложил доволно напори за враќање на преостанатите тела на заложниците.

Хамас вчера ги ослободи преостанатите 20 живи заложници, кои беа киднапирани во напад врз јужен Израел во октомври 2023 година, и ги предаде телата на четворица мртви заложници, додека 24 тела сè уште се во Појасот Газа.

Британски „Гардијан“ пишува дека само на половина од договорените камиони со помош ќе им биде дозволено да влезат во Појасот Газа од среда, 15 октомври, со забрана за гориво и за гас.

Ова го соопштила израелската владина служба Когат, позната како Координација на владини активности на териториите (Когат). Службата Когат соопштила дека Хамас го прекршил договорот со тоа што не ги ослободил телата на мртвите израелски заложници.

Во меѓувреме, шефот на египетската дипломатија, Бадр Абделати, изјави дека 15 палестински технократи се избрани да управуваат со повоена Газа.

Абделати рече дека нивните имиња веќе се проверени од Израел, но не прецизираше за кои лица станува збор, објави денеска „Тајмс оф Израел“.

Според мировниот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп, кој беше усвоен вчера во градот Шарм ел-Шеик во Египет од страна на претставници од 30 земји, Комитетот за мир, на чело со Трамп, ќе управува со Газа.

Поврзани содржини