ИЗРАЕЛ НАЈАВИ ОДМАЗДА ЗА НАПАДОТ ВРЗ АВТОБУСОТ ВО ЕРУСАЛИМ Последиците ќе бидат тешки и далекусежни

Во нападот што се случи утрово, најмалку шест лица беа убиени, а повеќе од 20 беа повредени, додека двајцата напаѓачи, за кои Израел вели дека се Палестинци од Западниот Брег, беа убиени на лице место.

379

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека нападот врз автобусот во Ерусалим ќе има „тешки и далекусежни последици“.

Во нападот што се случи утрово, најмалку шест лица беа убиени, а повеќе од 20 беа повредени, додека двајцата напаѓачи, за кои Израел вели дека се Палестинци од Западниот Брег, беа убиени на лице место.






– Грозоморниот терористички напад во Ерусалим ќе има тешки и далекусежни последици. Исто како што го победивме палестинскиот тероризам во северна Самарија (библиското име за северниот дел од Западниот Брег), наскоро ќе го сториме истото и во другите терористички кампови – рече тој.

🎥 НАПАД НА АВТОБУС ВО ЕРУСАЛИМ Пет луѓе се убиени

 

Поврзани содржини