ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ 50 ВОЗДУШНИ НАПАДИ ВРЗ ГАЗА ПО ЗАКАНАТА ЗА ПРИНУДНА ЕВАКУАЦИЈА Растат стравувањата од посилен удар
Овие напади следуваат по нападите во неделата кога израелската војска уби најмалку 68 Палестинци во Газа, вклучително најмалку 47 во Газа Сити и на северот на територијата, објави Ал Џезира
Израел изврши најмалку 50 воздушни напади низ Газа, со посебен фокус на источниот дел на градот Газа, откако војската предупреди дека ќе организира принудна евакуација, што предизвика стравувања од поинтензивен напад, објави Ал Џазира.
Израелските сили убија најмалку 68 Палестинци во Газа во неделата, вклучително најмалку 47 луѓе во Газа Сити и на северот на територијата, според медицинските извори, пренесени од Ал Џезира.
Египетскиот министер за надворешни работи изјави дека неговата земја работи на нов договор за Газа што вклучува 60-дневен прекин на огнот во замена за ослободување на дел од израелските заробеници.
Израелската војна во Газа досега уби најмалку 56.500 лица и рани 133.419 луѓе, според Министерството за здравство на Газа. Проценет е бројот од 1.139 лица убиени во Израел за време на нападите од 7 октомври, а повеќе од 200 беа земени за заложници.
Ask ChatGPT