ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ 40 ВОЗДУШНИ НАПАДИ ВО СИРИЈА Уништени се истражувачки центар, воен аеродром и подземни тунели северно од Дамаск
За време на израелскиот напад се погодени 28 локации околу планината Каламун, на 90 километри северно од Дамаск.
Израелски воени авиони изминатата ноќ извршиле околу 40 воздушни напади врз поранешни сириски воени пунктови во околината на Дамаск, јави ДПА.
Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Британија, соопшти дека израелската војска уништила неколку цели, вклучително и истражувачки центар северно од Дамаск.
Погодени се 28 локации околу планината Каламун, на 90 километри северно од Дамаск. Израелските авиони нападнале и уништиле складиште за оружје, воен аеродром и подземни тунели.
Од соборувањето на претседателот Башар Асад, израелските воздухопловни сили честопати вршат масовни воздушни напади врз воени цели во Сирија.
ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЗДУШЕН НАПАД ВРЗ ХАМАС ВО ГАЗА Командниот центар на групата бил скриен во училиште