🎥 ИЗРАЕЛ И САД ГО НАПАДНАА ИРАН Техеран се подготвува за одмазда

Утрово во Техеран се слушнаа 3 експлозии.

2,219

Израел објави дека почнал превентивен напад врз Иран, туркајќи го Блискиот Исток во нов воен конфликт и дополнително намалувајќи ги надежите за дипломатско решение на долготрајниот нуклеарен спор на Техеран со Западот, објавија светските агенции.

Нападот, кој следеше по 12-дневната воздушна војна меѓу Израел и Иран во јуни, доаѓа по повторените предупредувања од САД и od Израел дека повторно ќе нападнат доколку Иран продолжи со своите нуклеарни и балистички ракетни програми.






– Државата Израел почна превентивен напад врз Иран за да ги елиминира заканите за Израел – рече министерот за одбрана Израел Кац.

Утрово (сабота, 28 февруари) во Техеран се слушнаа експлозии, објавија иранските медиуми. Медиумите известуваат за 3 експлозии и два густи облаци чад.

– Операцијата на Израел во Иран е координирана со САД,  Операцијата беше планирана со месеци, а нејзиниот датум беше одреден пред неколку недели – изјави неименуван израелски функционер за британската агенција Ројтерс.

Ројтерс, исто така, објави дека врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, не е во Техеран и е префрлен на безбедна локација.

Мобилните телефонски врски се прекинати во Техеран, а интернетот е делумно прекинат.

Израел го затвори својот воздушен простор за цивилни летови, а истото го стори и Техеран.

Иран се подготвува да возврати по нападите, изјави официјален претставник од Техеран за Ројтерс.

– Одговорот ќе биде катастрофален – изјавил тој.

Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.

Поврзани содржини