ИЗРАЕЛ И ЛИБАН ЌЕ СЕДНАТ НА ПРЕГОВОРИ На маса и разоружување на Хезбулах
Зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, ќе биде вклучен во преговорите што ќе се одржат во Париз или на Кипар, додека израелската делегација ќе ја предводи доверливиот човек на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Рон Дермер.
Израел и Либан се очекува да одржат директни разговори во наредните денови, први откако започна војната со Иран, која го втурна Либан подлабоко во конфликтот, објави денеска израелскиот весник „Хаарец“, повикувајќи се на два извори запознаени со ова прашање.
Зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, ќе биде вклучен во преговорите што ќе се одржат во Париз или на Кипар, додека израелската делегација ќе ја предводи доверливиот човек на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Рон Дермер.
Се очекува разговорите да се фокусираат на прекинување на борбите во Либан и разоружување на либанското движење на отпорот Хезболах, според „Хаарец“.
Хезболах отвори оган врз Израел на 2 март, како одмазда за атентатот врз врховниот лидер на Иран на почетокот на војната меѓу САД и Израел против Иран.
Израел оттогаш започна тотална кампања против моќната либанска вооружена група, убивајќи повеќе од 770 луѓе и беше причина да се раселат стотици илјади други, додека Хезболах испука стотици ракети преку границата.