🎥 ИЗРАЕЛ И ИРАН СИ ГИ ГАЃААТ НУКЛЕАРНИТЕ ЦЕНТРАЛИ! Обединетите нации повикуваат на „максимална воздржаност“

Погодена била е единствената нуклеарна централа во Иран, „Бушер“, сместена околу 760 километри јужно од Техеран. Како одговор Иран го таргетрал изреалскиот нуклеарен истражувачки центар Шимон Перес во градот Димона.

458

Проектил синоќа ја погодил нуклеарната централа „Бушер“ во Иран, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Агенцијата, тело за контрола и безбедност на нуклеарната енергија на Обединетите нации, преку пост објавен на платформата „Х“ соопшти во информацијата за нападот добиена од иранските власти немало пријава за штети врз самиот објект ниту повредени меѓу персоналот.






Малку подоцна беше објавено дека Иран наводно го таргетирал израелскиот нуклеарен истражувачки центар „Шимон Перес“ во пустинскиот град Димона, како одмазда за претходниот напад во близина на нуклеарната централа Бушер. Ова тврдењето го жизнесоа јавни профили на социјалните мрежи блиски до ИРГЦ (Исламската револуционерна гарда).

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, повторно повика на „максимална воздржаност за време на конфликтот со цел да се спречи ризик од нуклеарна несреќа“, се наведува во објавата.

„Бушер“ е единствената нуклеарна централа во Иран, изградена по руски дизајн, сместена околу 760 километри јужно од Техеран, на брегот на Персискиот Залив. Оперативна е од 2011 година.

Нуклеарниот истражувачки центар „Шимон Перес“, порано познат како Негевски нуклеарен истражувачки центар, е израелска нуклеарна инсталација сместена во пустината Негев, околу тринаесет километри југоисточно од градот Димона.

Неговата изградба започнала во 1958 година, а тешководниот нуклеарен реактор станал активен помеѓу 1962 и 1964 година. Израел тврди дека реакторот и истражувачката установа се користат за општи „истражувања во атомската наука“, но реакторот бил вклучен и во производство на нуклеарни материјали за израелската нуклеарна програма.

Се смета дека Израел ја произвел својата прва нуклеарна бомба во 1967 година, а проценките за бројот на неговите нуклеарни оружја варираат помеѓу 80 и 400. Реакторот не е цивилна електрана и не испорачува струја во израелската мрежа.

Поврзани содржини