ИЗРАЕЛ ГО ПОТВРДИ НАПАДОТ НА БЕГАЛСКИОТ КАМП Цел бил командант на Хамас, а жртви се над 50 цивили

Израелските одбранбени сили ја презедоа одговорноста за нападот врз бегалскиот камп Џабалија во Газа во кој беа убиени најмалку 50 луѓе.

331

Одговорноста за нападот врз бегалскиот камп ја презедоа Израелските одбранбени сили (ИДФ) ја презедоа одговорноста за нападот врз бегалскиот камп во кој беа убиени најмалку 50 луѓе.

Портпаролот на израелските одбранбени сили, потполковник Ричард Хехт изјави за Си-Ен-Ен дека командантот на Хамас, Ибрахим Биари бил цел на воздушен напад врз бегалскиот камп Џабалија во Газа, додавајќи дека тој криел „како што тоа го прави Хамас, зад цивилите“.






Тој рече дека Биари бил убиен во нападот, а ИДФ ја објавил неговата фотографија на социјалните мрежи.

Исламистичкото движење Хамас објави дека најмалку 50 лица загинале во бегалскиот камп Џабалија на северот на Газа, а многумина се повредени во израелскиот воздушен напад.
Според фотографиите на Ројтерс од местото на настанот, поголем дел од бегалскиот камп Џабалија е срамнета со земја.

Десетици луѓе трагаат по преживеани во урнатините.

Поврзани содржини