ИЗРАЕЛ ГИ УНИШТИЛ СИТЕ СИЛИ НА ХАМАС ВО ГАЗА Внимателен оптимизам во Тел Авив за ослободување на заложниците

Израелскиот јавен сервис Кан објави дека армијата веќе ги информирала политичарите во претходните денови дека бригадите Рафа на Хамас биле поразени, наведува Бета.

657

Два неименувани израелски изворa му рекле на јавниот сервис Кан дека бригадите на Хамас во Рафа во Појасот Газа „речиси повеќе не постојат“, што значи дека има многу малку воени цели, објави денеска пан-арапскиот медиум Ал-Араби Ал-Џадид, со седиште во Лондон, пренесе Бета.

Сепак, истите извори рекоа дека Израел може „да се врати и повторно да влезе во Појасот кога ќе бидат достапни нови разузнавачки информации, но дека, генерално кажано, воените операции во Газа се завршени“.






Израелскиот јавен сервис Кан објави дека армијата веќе ги информирала политичарите во претходните денови дека бригадите Рафа на Хамас биле поразени, наведува Бета.

Израелските безбедносни претставници, наводно, го информирале политичкото раководство дека „дојде време да се склучи договор за размена на затвореници, бидејќи повеќето борбени единици на Хамас се уништени“.

Израелскиот преговарачки тим изрази „внимателно оптимистички“ напредок во договорот за ослободување на заложниците кои ги држеше палестинската исламистичка група Хамас во Појасот Газа, објавија британските медиуми, цитирајќи изјава од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

– Тимот му изрази внимателен оптимизам на премиерот за можноста да се придвижи напред кон договор врз основа на последниот предлог на САД, се вели во соопштението.

Кабинетот на Нетанјаху додаде дека се надева на силен притисок од американските и меѓународните посредници врз Хамас, со цел вооружената група да се откаже од своите приговори на американскиот предлог и да ја отвори можноста за пробив.

Поврзани содржини