ИЗРАЕЛ ГИ ПРИФАТИ УСЛОВИТЕ ЗА ПРИМИРЈЕ ВО ГАЗА Трамп апелира до Хамас да го прифати предлогот за доброто на регионот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Катар и Египет, кои вложија значителни напори за постигнување мир, ќе го презентираат конечниот предлог за примирје во Газа.

139

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека Израел се согласил со условите на конечниот договор за 60-дневен прекин на огнот во Газа, за време на кој ќе се вложат напори за завршување на војната во палестинската енклава.

„Израел се согласи со потребните услови за конечен, 60-дневен прекин на огнот, за време на кој ќе работиме со сите страни за да ја завршиме војната“, рече Трамп преку социјалните медиуми.






Катарците и Египќаните, кои работеа многу напорно за воспоставување мир, додаде тој, ќе го достават овој конечен предлог.

„Се надевам, за доброто на Блискиот Исток, дека Хамас ќе ја прифати оваа понуда бидејќи нема да биде подобро – може да биде само полошо“, заклучи американскиот претседател.

Поврзани содржини